Инцидент во Старата скопска чаршија, Албанци го нападнале автобусот во кој се наоѓале комитите


ОБНОВЕНО –

Од МВР го потврдија инцидентот за MKnews.MK. Како што не информираа инцидентот се сличил попладнево додека неколку автобуси полни со македонски навивачи биле упатени кон стадионот Филип 2. Засега од непознати причини на автобусите група лица фрлала камења – има оштетување на возилото, но нема повредени во инцидентот.

Како што објави албанскиот портал Порталб инцидентот во Старата скопска чаршија се случи денеска околу 18:00 часот меѓу Mакедонци и Aлбанци. Според извор на порталот, македонската група го започнала инцидентот.

Станува збор за групата комити, кои што во тоа време се упатувале кон стадионот Фили Втори, за да го проследат фудбалскиот натпревар меѓу Вардар и Бате Борисов.

Според очевидците пак кои што минувале низ тој дел од градот, албанците почнале да фрлаат камења кон автобусот во кој што се наоѓале комитите, но за среќа, освен мала материјална штета, искршените прозори на автобусот, нема жртви. Инцидентот траел само 10 минути, а благодарение на брзата интервенција на полицијата, не дошло до поголем хаос.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1