ЕЕЕЕЕ..БАТЕ !!! – Вардар елиминиран од ЛШ, по ремито со Бате Борисов



Вардар не успеа да ги продолжи своите настапи во квалификациите во најелитното фудбалко натпреварување Лигата на шампиони, откако беше елиминиран од страна на Бате Борисов во второто претколо во квалификациите.

Победоносните 3:2 на белорускиот тим од првиот натпревар, му беа доволни на гостинскиот тим, откако на реконструраниот терен на Филип Втори одиграа реми без голови 0:0. Гостинскиот тим речиси целиот натпревар го имаше под контрола, дозволувајќи им на Вардарци да одиграат под своето ниво и можности.

По двомечот со „црвено-црните“, Бате Борисов си обезбеди двомеч со унгарскиот шампион Дебрецин.
Гостите најсериозната шанса за погодок ја имаа преку Кантсави кога ја погоди пречката. Шансите на тимот на Илчо Наумовски се случија во вториот дел. Најсериозни беа обидите на Цикарски, кој не успеа да го совлада веќе излезениот голман на Бате Борисов, Горбунов, а во последните моменти од натпреварот Костовски биеше со глава, но, стрелаше во добро поставениот гостинки чувар на мрежата.

фото – екипа

Share Button

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1