Инциденти пред владата – повредени полицајци


Десетина полицајци и еден фоторепортер се повредени, откако дојде до судир меѓу граѓаните и полицијата на протестот пред Владата на Република Македонија. Полицајците успеаја да ги истуркаат граѓаните до булеварот „Свети Климент Охридски“

Според информациите неколку полицајци и еден фоторепортер биле повредени пред Владата на Република Македонија. Според првичните информации едниот полицаец има повреда на ногата, исто како и фоторепортерот, додека другиот полицаец има повреда на вратот.vlada nokj mk 2

Полицајците се обидоа да ги истуркаат граѓаните, кои пак возвратија удирајќи со шипки и со пластични шишиња во обидот да се пробијат до владината зграда. Каменувани се и две возила на Министерството на внатрешни работи.

Расте тензијата пред Владата. Демонстрантите се одбидуваат да ја срушат оградата и фрлаат камења, шишиња и тврди предмети кон штитовите на полицијата, но и кон зградата, јави НОВАТВ. Порталот пренесе дека се забележува засилен револт на граѓаните

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1