Египетскиот огранок на Исламска држава денеска на Твитер презеде одговорност за падот на рускиот авион, при што загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.
– Војниците на калифатот успеаја во провинцијата Синај да соборат руски авион, со кој патуваа над 220 крстоносци и сите тие се мртви, објави ИД на Твитер.
ИД тврди дека соборувањето на авионот е одговор на руската интервенција во Сирија.
– Првичните податоци од истрагата на местото на несреќата покажуваат дека авионот се урнал по техничка грешка, соопштија египетските власти.
Авионот паднал вертикално поради што поголеми делови од леталото се запалиле. Околу 150 тела се пронајдени во радиус од пет километри.
Египетски претставници потврдија дека нема преживеани во авионската несреќа.