Исланд ги прекинал преговорите со ЕУ: Се откажуваме од членство, ова е демократија


Исланд се откажал од влегувањето во ЕУ. Ова било соопштено на Европската комисија при посетата на министерот за внатрешни работи Гунар Браги Свеинсон на Брисел, пренесува Индекс.

no eu2„Ова е начинот на кој функционира демократијата“, кажал Свеинсон, кој истакнува дека двете партии кои ја формираат новата исландска влада се откажуваат од ЕУ, а граѓаните ги поддржале.

„Главната цел на ова патување беше да ѝ кажам на Комисијата дека новата исландска влада реши да ги суспендира преговорите. Исланд е дел од Европа и сакаме да ги зајакнеме односите со европските државјани на други начини“, ја пренесува изјавата на Свеинсон ЕУ Обзервер.

Филе сака да ги заврши преговорите

Штефан Филе, европскиот комесар за проширување, на новинарите во Брисел им кажал дека не му е лесно да ја прифати ваквата одлука на Исланд. Тоа го доживеал како личен удар.

no eu„Но, јас сум професионалец и ги почитувам прашањата и сомнежите и вољата на граѓаните и нивните избрани претставници. Лично верувам дека преговорите со Исланд треба да продолжат. И понатаму сме целосно вложени и сакаме да го завршиме процесот“, изјавил Филе.

Исланѓаните гласале против ЕУ

Исланд ги почнал преговорите со ЕУ во 2010 година, за време на претходната социјалистичка влада. Претходната власт утврдила дека влегувањето во ЕУ ќе ја засили економската позиција на Исланд. Меѓутоа, изборите одржани во април донеле промена на власта, а владата ја составиле пратиите од десниот центар кои се против членството на Исланд во ЕУ.

MKD.MK

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1