Исповед: Антонио 2год не излегува – туретовиот синдром му предизивкува ужас


Две години не излегува од дома-туретовиот синдром му предизвикува ужас: Исповед пренесена од хрватски 24сата

Болката е неподнослива. Целиот се грчи, вреска, тропа со рацете и нозете, ја витка главата, често се повредува. Тоа за жал е секојдневие на дваесет годишниот Антонио Драгец од Копривница. Тој со години, боледува од синдромот Турет, но сега веќе тврди дека нема сили и не сака повеќе да живее вака.

Семејството нова надеж виде во неврохирургот Дарко Чуди кој со инсталирање на електроди во јадрото на мозокот тврди дека ќе му  се ублажат симптомите.

„Јас повеќе не можам да живеам вака, се ме боли“, едвај изговарајќи ја оваа реченица преќинувана со неконтролирано завивање и фрлање на телото.

Сите лекови кои биле достапни во Хрватска тој ги пробал, но ништо не му помогнало, а операцијата на која ќе се нафати е експериментална.

„Лекарите до сега во светот изделе само 50 вакви операции. Оваа операција е тешка бидејќи треба да се воведе електрода неуростимулатор во јадрото на мозокот и во овој момент никој не може да каже колкаво ќе биде подобрување“објаснува неврохирургот кој треба да го оперира момчето, но се надеваат на најдобро.

Операцијата која трае околу четири часа е закажана за во четврток, но како и во Македонија, така и во Хрватска здравственото осигурување не го покрива лежењето во болница, па поради тоа родителите на Антонио бараат помош од нивните сограѓани.


Инаку, со крајот на трето одделение Антонио бил како и сите други момчиња, но на крајот на годината, одеднаш почнал да се однесува чудно. Неконтролирано да вика и да оди на раце и на нозе.

„Сите мислевме дека се шегува, но постепено симптомите почнаа да се влошуваат. Веќе на осум години, лекарите открија дека има Турет и тоа со многу типични симптоми за таа болест. За многу кратко време симптомите почна да се влошуваат“ низ солзи зборува мајката на Антонио, Нена.

Состојбата на Антонио за време на пубертетот кратко се подобрила па затоа завршил уметничко училиште отсек керамика. Дипломирал, но многу тешко, а потоа неговата состојба се влошила толку многу што наскоро тој не се осмелил да ја напушти куќата.

„Во устата цело време има газа за да не си го гризне јазикот. Веќе два пати се гризнал толку силно што заврши во болница. Поради неможноста да ги контролира рацете сам си го повредил и левото око, па поради тоа носи очила.

Тој не јаде со прибор за јадење од страв да не си забоде нож или вилушка, па со години јаде со пластичен прибор.

Бањата и тоалетот се во хаос, а тиковите дури му го оштетиле и ‘рбетот, па лекарите морале да му дадат анестезија за да можат да го прегледаат велат неговите родители кои се надеваат дека оваа операција колку толку ќе му ги намали болките.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1