Исповед на 14год. Адеба:Требаше да бидам „подарок“ за војниците од првиот ред!


Откако ја киднапирале членови на Исламската држава, еден од нејзините киднапери добил телефонски повик. По неколку минути, пет мажи земале пушки и пиштоли и истрчале надвор.

Адеба, 14-годишно девојче од етнорелигиската група Јазиди, слушнала како камионот заминува, а потоа само тишина. За прв пат, таа и другите заробени девојки биле сами, без киднаперите, а вратите биле отклучени. Борците на ИСИС ја киднапирале од нејзиното село во југоисточниот регион Синџар, кај сириската граница, и ја дале како “подарок” на борците од првата линија на фронтот. Сакале да ја преобратат во ислам и да ја натераат да се омажи за еден од нив.

jezidi11“Кога киднаперите заминаа, се исплашив, не знаев што да правам. Видов торба полна со мобилни телефони и се јавив кај мојот брат”, рекла киднапираната девојка.

Нејзиниот брат Самир и’ рекол да оди во најблиската куќа и да побара помош, односно да и дадат инструкции како да дојде до границата каде што членови на Курдистичката работничка партија се бореле против милитантите од ИСИС. И ветил дека ќе биде безбедна со нив.

“Тоа беше ризично, не знаев кој ми е пријател, а кој непријател”, рекла Адеба.1409844887942_wps_6_Mandatory_Credit_Photo_by

Таа и нејзините сопатнички решиле да си ја пробаат среќата. Избегале до куќата и затропале на вратата на соседот. Му ја објасниле целата ситуација и добиле насоки како да стигнат до границата.

“Не можев да одам право, ми се тресеа нозете, срцето ми чукаше брзо. Трчавме и не се вртевме назад”, рекло исплашеното девојче.

По два часа патување, се слушнале истрели, Наскоро ги забележале борците на КРП и почнале да трчаат кон нив.

“Плачев и се смеев во исто време. Бевме слободни!”, вели Адеба.

Таа е една од ретките Јазиди кои успеале да побегнат од исламистите, кои заземале поголем дел од Сирија и Ирак во последните неколку месеци. Десетици илјади Јазиди побегнале од Синџар и други села откако биле протерани од сунитските милитанти.

ИСИС киднапирале најмалку 73 жени и деца од селото на Адеба за тргуваат со нив во северен Ирак. Таа вели дека борците ги одвоиле постарите жени од групата. Младите жени се соочиле застрашувачка судбина. Некои биле силувани од командантот, кој го имал правото да им ја одземе невиноста.
Откако претрпеле групно силување, биле продавани на тој кој нудел најмногу. На аукцијата биле продавани за само 10 долари. Другите, како Адеба, требале да се омажат за борците

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1