Исповед на дезертери: ИСИС ги убива муслиманите наместо да ги штити, НИ ВЕТИЈА РАСКОШ А НЕ ДОБИВМЕ НИШТО


Ни ветија раскош, жени и скапи автомобили, а не добивме ништо. Ова е едно од главните објаснувања на лицата што дезертирале од Исламската држава. Едни сакале луксуз, а други не можеле да се справат со бруталноста, па решиле да ја напуштат терористичката група, се вели во извештај за искуствата на дезертерите

Сѐ поголем број разочарани припадници на Исламската држава ги напуштаат редовите на оваа терористичка група. Многумина од овие луѓе ја напуштиле Исламската држава зашто никогаш не ги добиле ветените луксузни предмети и автомобили.Во истражувањето на „СиЕнЕн“ се користени сведочења на 58 лица кои што дезертирале, од кои две третини побегнале од „рацете“ на Исламската држава во текот на 2015-та година.isis dezerteri vojnici

Во документот се наведува дека од јануари 2014 година најмалку 58 џихадисти ја напуштиле Исламската држава и дека јавно зборувале за своето дезертерство.  ИСЦР идентификувал четири главни причини во искуствата на 58-те лица што ја напуштиле Исламската држава, а кои дошле од 17 различни држави.

Искуството не им донесло херојство, некои сметале дека задачите кои што ги добивале се досадни, додека пак некои сметаат дека им служеле на ИСИЛ како „топовско месо“.

Првата е грубата и разочарувачка реалност на животот во Исламската држава. Истражувањето покажува дека повеќето од луѓето што ѝ се приклучиле на оваа терористичка група тоа го сториле од себични причини, односно сакале да живеат луксузен и раскошен живот што Исламската држава го ветувала во својот пропаганден материјал – од луксузни автомобили до многу жени и слично. Други, пак, се жалеле дека им биле досадни секојдневните задачи што морале да ги извршуваат, а немале никаква врска со војувањето на фронт.isis-630x354

Втората главна приказна е поврзана со бруталноста на Исламската држава. Многу од дезертерите рекле дека ја напуштиле групата зашто не ја одобрувале бруталноста на терористите кон недолжните цивили и заробениците. На други, пак, им пречела бруталноста на членовите на групата при решавањето на внатрешните спорови, особено кога насилно се постапувало кон другите сунити.

Уште една забелешка на дезертерите била против кого точно се бори Исламската држава. Многумина се пожалиле на борбите против другите сунитски групи наместо против армијата на сирискиот лидер Башар ал Асад.

Дезертерите од групата велат дека се особено незадоволни од убиствата на сунитските муслимани, меѓу кои и недолжни цивили, како и од неуспехот на Исламската држава да им се спротивстави на силите на Асад.

– Дезертерите јасно велат дека Исламската држава не ги штити муслиманите туку ги убива – се нагласува во извештајот.
Според дезертерите, во Исламската држава се зголемил раздорот зашто некои борци постојано биле опседнати со потрагата на шпиони и предавници во групата.isis reklama burki-so-bmw

Уште една главна причина за напуштање на терористичката група што ја навеле дезертерите се корупцијата и неисламското однесување што на себе најмногу го почувствувале Сиријците во Исламската држава. Тие се жалеле на привилегиите што ги уживале странските борци, додека други тврделе дека во групата е раширен расизам. Наведен е примерот на еден индиски припадник на Исламската држава, кој поради бојата на кожата бил осуден постојано да ги чисти санитариите.

ИСЦР во извештајот заклучува дека животот во Исламската држава со помош на медиумската пропаганда е прикажан како „гламурозен и возбудлив“, но дека реалноста и секојдневието во оваа терористичка организација се многу поинакви.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1