Во здраво тело здрав дух, но не и ако тоа е опсесија, тогаш духот станува роб на телото. Преполни теретани и фитнес центри, помодарство веројатно наметнато од западното општество.
Со умереност до совршен живот, во мали дози понекогаш и пороците се корисни ( старо правило) според тоа, ако човек претера дури и корисните работи стануваат пороци. Во трката по совршен живот луѓето забораваат да живеат. Во здраво тело здрав дух, но не и ако тоа е опсесија, тогаш духот станува роб на телото. Преполни теретани и фитнес центри, помодарство веројатно наметнато од западното општество.
,,Да поработам уште на бицепсите и ќе бидам супер, не е лошо да ги средам и стомачните мускули, ова е пат што нема крај. Протеини, креатини, стероиди, не бирав средства, само сакав поголема мускулна маса – раскажува 34 годишенен Белграѓанец за својата некогашна опсесија – „боди билдинг“
Детството го минал во сенката на своите соученици, најслаб, практично невидлив и за девојките. Но во средно училиште се се променило, ја открил теретаната.
Деновите на повлеченост завршиле, следува себеекспонирањето, внимание од сите страни – мажите му завидувале, жените го обожувале. Но тоа не било доволно, постојано незадоволен од резултатите, секојдневно минувал часови и часови во вежбање.
Вели теретаната со години била неговиот втор дом, се додека не се погледнал вистински во огледало, наместо мускулите во очи му паднала неговата зависност од ова хоби. Тогаш решил да стави крај.
Психолозите велат нашата култура е високонарцисоидна, култот за телото е од огромна важност, и кај мажите и кај жените. Оние што избрале здрав живот проследен со активни физички вежби, честопати „забегуваат“.
Поставуваат нереални рамки за постигнување уште понереални резултати. Во објективна неможност да го постигнат тоа, користат различни супстанци, па понекогаш и недозволени. Но тука следуваат негативните појави: проблеми со агресивноста, потреба од демонстрација на сила, проблеми со потенцијата и се разбира депресија.
Гледајќи од позитивната страна овие луѓе навистина имаат потенцијал, нивната упорност е веќе докажана, само треба правилно да се распредели, не само на вежбање туку и на низа други корисни работи.