Барак Обама може комплетно да го исклучи интернетот?


Американскиот претседател Барак Обама во случај на криза може да издаде наредба да се затвори некоја комуникациска мрежа, вклучувајќи го и Интернетот.


Целосното име на таа одредба е “Одредување на комуникациските функции за националната безбедност и подготвеноста на узбуна“, а неговата основната порака е дека американската влада треба да биде во можност во секое време да преземе какви било комуникациски мрежа за своја потреба.

Сепак, во делот 5.2 се крие интересен дел од одредбата во која се наведува дека извршната канцеларија на американската влада мора да има и своја посебна осигурнана комуникациска мрежа за да може да прават што сакаат со јавните мрежи па ако треба и да го исклучат интернетот.
Се разбира, во моментот кога се појави оваа одредба се покрена и прашањето за можноста од злоупотреба, на пример, ако владата сака да задржи некои информации од јавноста, еден од начините е за време на криза целосно да го  исклучи интернетот.

Од друга страна пак оние кои ја оправдуваат оваа одредба, тврдат дека слични вакви одредби постојат во американските закони уште од 1934 година, а тоа е и дека Владата на САД има право да го изгасне било кој уред кој емитува електромагнетно зрачење, а тоа според многумина е одредба со многу широко значење. На крај на краиштата ние може само да се надеваме дека таква криза, кој ќе бара целосна исклучување на комуникациски мрежи, никогаш нема ни да се појави.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1