Судијата на фудбалскиот натпревар помеѓу клубовите ФК „Обршени“ од прилепското село Обршани и ФК „Динамо“ од охридското село Мажуриште, минал со тешки повреди откако не досудил црвен картон на фудбалер од клубот домаќин.
Полицијата извести дека додека траел натпреварот настанала вербална расправија помеѓу играч од ФК „Обршани“ и фудбалер од гостинскиот клуб, а судијата К.С. откако не подигнал црвен картон, бил физички нападнат и натпреварот бил прекинат.