Истражување: Децата се помалку читаат!


Децата денес читаат помалку отколку пред седум години бидејќи своето слободно време го користат на други активности, покажува најновото истражување на британскиот Национален  фонд за писменост кое е спроведено на 21.000 деца и млади на крајот на минатата година.

Студијата исто така покажува дека децата денес помалку читаат и стрипови, магазини и сајтови, а и оние кои сакаат да читаат се срамат од своето друштво да бидат видени со книга во рака.
Истражувањето покажало дека половина од испитаниците рекле дека уживаат да читаат, но повеќето (54%) се оние кои повеќе преферираат да гледаат телевизија отколку да читаат во своето слободно време.
Од популацијата на деца и млади кои сакаат да читаат, повеќе се оние кои сакаат фикција (47,8%) што е помалку од 2005 година, кога 51,5 % од нив сакале да читаат романи.

Студијата исто така покажува дека 57% од испитаниците повеќе сакаат да читаат “шарени весници” што е значаен пад, ако се земе во предвид дека во 2005та година процентот на оваа популација бил 77,5. Половина од испитаниците читаат и веб сајтови, а во 2005 та година веб сајтови читале 63,8%. Кога станува збор за  стриповите , студијата покажува дека заинтересирани за читање стрипови се 27,9% што исто така е значаен пад, ако се земе во предвид дека процентот на оваа популација во 2005 година бил 50,6
Авторите на оваа студија потенцирале дека за децата и млади читањето е од исклучително значење ако се земе во предвид  научното докажување дека постои тесна врска помеѓу читањето и академските достигнувања
-Фактот дека децата читаат помалку отколку во 2005 година испраќа загрижувачки сигнали за навиката за читање кај децата и младите.-рекол директорт на фондот Џонатан Даглас, а пренесуваат британските медиуми.

-Веруваме дека е потребно да ја мотивираме новата генерација да чита на начин како што олимпијадата ја инспирираше новата генерација да го прифати спортот. Читањето треба да го направиме неодоливо. Мора да ги повикаме семејствата и професионалците кои работат со деца да помогнат и децата да издвојуваат барем 10 минути на ден за читање-рекол Даглас

Tags: , , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1