Непозната течност најверојатно жива била истурена пред канцеларијата на директорот на УЈП Тетово.
Од полицијата за Курир велат дека вработена во Управата утринава околу 8:30 часот кога пристигнала на работа пред вратата на управникот на дирекцијата на УЈП Тетово забележала истурена течност која наликувала на жива.
Случајот вработената веднаш го пријавила во полција, по што местото било обезбедено и фотодокументирано.
Известени биле и противпожарните служби, како и Дирекцијата за заштита и спасување.
За Курир од полицијата велат од лице место се подигнати примероци од непознатата течност кои се предадени на вештачење, по што ќе бидат познати повеќе детали.
Од полицијата информираат дека се работи на утврдување на причините и мотивите за истурањето на течноста, како и за пронаоѓање на лицето.
Курир