Италија: Бранови од 4 метри ги уништија плажите, жителите евакуирани


На бреговите на Малта, како и регионот на калабрија и Сицилија, на југот на Италија невремето кое го донесе реткиот медитерански ураган (Медикен) наречен Зорбас вчера предизвика големи штети, како и итна евакуација на населението. Ураганот потоа продолжи со ист интензитет кој грчките региони Пелопонез и Атика.

Италијанските медиуми пренесуваат дека во Катанија, на брегот на Сицилија удирале бранови високи 4 метри кои целосно ги уништија лежалките на плажите.
Се наведува дека големи штети има во сицилијанските места Рокалумера кај Месина и Сампјери кај Рагуза, каде се евакуирани жителите на крајбрежјето на местото Марина ди Модика.

Во Катанија, еден од најголемите градови во Сицилија, спасувачите во петокот мораа да извлекуваат луѓе од автомобилите кои се нашле во неволја, а невремето кршело и корнело дрвја.Рибарите очајно се обидувале да ги спасат бродовите кои ги оставиле во помало пристаниште.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1