Непознати лица успеале да го убијат 51 годишниот маж вчера вечер со околу 20 куршуми , додека го паркирал автомобилот во уличка во местото Песара. Жртвата наводно е брат на припадник на мафијашката организација ,,Ндрангета”.
Градоначалникот Матео Ричи изјави дека жителите на ова мало приморско место се шокирани , бидејќи убиениот бил под 24 часовна полициска заштита.
Министерот за внатрешни работи , Матео Салвини најави дека утре ќе го посети местото.