Иванов го пречесе гордиевиот јазол, прекинати постапките против опозицијата и власта


Ако се остави само по себе да се отплеткува вака заплетканиот јазол, ќе поминеме како заложници во долгогодишна политичка криза, на која не може да ѝ се предвиди крајот. Сериозно се доведува во прашање потребата од мирна изборна кампања и мирен изборен ден. Ако пак тоа не се случи, државата и сите граѓани ќе имаат долгорочни последици. Се плашам дека навистина граѓаните можат да стават крај на кризата со следните избори.ivanov-gjorge1-640x401

Ова го истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во денешното обраќање со кое ја објави одлуката со која се извршува општ прекин на сите постапки меѓу политичарите и нивните соработници или поддржувачи, од спротиставените страни која стапува во сила веднаш.

Иванов посочи дека по распуштањето на Собранието, опозицијата објави бојкот на изборите и формирање на фронт за слобода.

-Ова значи дека ќе се оди и на попречување на одржувањето на изборите. Имаме техничка влада со ограничени овластувања. На раб сме на кризна состојба. Работата е заплеткана до бескрај и никој не може да ја отплетка, дури ни водствата на партиите, ниту пак претставниците на меѓународната заедница. Ниту Пржинскиот договор, ниту распуштањето на Собранието не ги намали тензиите, напротив ги зголеми. Никој никому не верува. Секој мисли дека другиот му подготвува нешто зад грб, потенцираше шефот на државата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1