Иво Санадер во болница – го стегнало срцето


Судење за аферата Фими Медија, кое требаше да продолжи денеска е одложено за утре, поради здравствената состојба на поранешниот хрватски премиер и лидер на ХДЗ Иво Санадер.


Санадер денеска ќе биде префрлен од затвор во Реметинец во затворската болница.
Поранешниот премиер има срцеви проблеми, поради што на Судот му е доставена историјата на неговата болест.
ivo_sanader_v_238595S1Денешната расправа е одложена за утре, кога ќе се дознае повеќе за какви здравствени проблеми станува збор и дали тој ќе биде способен за продолжување на судењето.
Неговите адвокати изјавија дека тој не се жалел за некакви тешкотии и оти не знаат за што станува збор и дека за неговата лоша здравствена состојба дознале изутрината во судницата.

На денешното рочиште требаше да сведочат загребскиот адвокат Перо Лозица, директорот на винковачка телевизија Драган Веселчиќ, главниот уредник и директор на „Хрватски лист“ Ивица Маријачиќ и претприемачот Маријан Приморац.
Хрватските политички аналитичари оценуваат дека сведочењето во аферата Фими Медија на членови на ХДЗ, кои со години наводно извлекувале пари од јавните претпријатија и по нелегален пат ги префрлале на тајни фондови на тогашната владејачка партија, укажуваат дека во ланецот на измама на државата биле вклучени не само неколкумина одбрани, туки стотици лица.

Миа

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1