Во Албанија се шири сифилис


Се поголем е бројот на заболените од сексуални заразни болести во Албанија. Посебно со загрижувачка брзина се шири сифилисот, јави дописникот на МИА од Тирана. 
hiv-sida-aids-lecenje-rak-1348951872-213892Во периодот јануари –ноември регистрирани се 97 случаи, но бројката е многу повисока, зашто приватните болници не ги пријавуваат случаите во Инситутот за јавно здравје.
– За единаесет месеци регистрирани се 97 случаи на сифилис. Од нив 78 се жени и 20 мажи, изјавила Адела Васили епидемиолог.
Силва Бино, од Инситутот за јавно здравје предупредува дека сифилисот станува загрижувачка појава за здравстениот систем во земјата.
Освен оваа заразна болест, во земјата, според стручните лица загрижувачки се шири и сидата. Во перидот јануари-ноември регистрирани се нови 70 случаи на заразени со ХИВ/СИДА, со што вкупната бројка на регистрирани случаи се искачи на 555.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1