,,Станот во кој живее новинарот и поранешен директор на Kанал 5, Иван Мирчевски бил опожарен во петокот попладне. Голем дел од покуќнината изгорела,, ова го објави порталот Либертас кој се повика на информација од противпожарната бригада.
Но Иван Мирчевски демантира дека неговиот стан се запалил.
„Ниту ми се запалил станот, ниту изгорела покуќнината ниту сум поранешен директор на Канал 5, туку актуелен“, изјави Мирчевски.