Измама вредна 8 милиони долари – Деца учете технологија!?!


Студентите на универзитетот по технологија во Масачусетс откриле математичка формула како да ја измамат лотаријата.

Имено во ситуација кога џек-потот ќе достигне 2 милиони долари тие почнуваат да играат. Купуваат тикети во вредност од 100 илјади долари. Пресметките велат дека во тој момент нивните шанси за добивка се од 15 до 20 проценти, земајќи ги во предвид останатите купени тикети и можноста да немаат добитен тикет. Математичката прогресија која тие ја направиле вели дека доколку продолжат да купуваат талони, зголемувајќи го нивниот број, со текот на времето добитниот талон сигурно ќе биде кај нив.

Нормално, по пронаоѓањето на овој „систем“, студентите се зафатиле со играње лотарија. И како што предвиделе, стекнатото знаење на технолошкиот факутет сакале „дебело“ да го наплатиле. По неколку недели играње, купиле талони во вредност од 600 илјади долари, од кои 100 илјади одеднаш.

Овој голем влог ја обелоденил нивната намера. Директорот на лотаријата веднаш се посомневал околу регуларноста и ги повикал државните инспектори. Сепак инспекторот не констатирал неправилности и недозволени дејствија од страна на студентите, а тие станале добитници на 8 минилони долари.

Студентите системот го откриле пред неколку години, на една вежба во текот на предавањата. Тие тврдат дека нивниот начин на „игра“ е сосема регуларен и изјавиле дека лотаријата и пред тоа имала пропусти, а тоа е сосема друга тема со регуларноста, бидејќи тие ги почитувале сите правила на играта.

Tags: , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1