Записничар во Основниот суд Скопје 2 лажел дека е пријател со помошникот министер за внатрешни Иво Котевски, па за сума од 3.000 евра може да среди вработување во полицијата. 31 годишниот скопјанец од вчера е во притвор, осомничен е за измама тешка 4.500 евра, толку му наплатил на таксист на кој му ветил дека заедно со брат му ќе ги вработи во полиција, искористувајќи ги личните контакти што ги имал со Котевски.
Осомничениот со таксистот се познавал 7 месеци, секој ден со него се возел до работа. Во една прилика му кажал дека може да му среди да го вработи во полиција, но треба да му плати 3.000 евра. Парите ги добил, на рака, а на нотар завериле договор како долг кој треба да го врати за 6 месеци. Во октомври лани, му исплатил уште 500 евра, кога таксистот на измамникот му дал и документи од него и брат му за да ги пријави на конкурсот за вработување во МВР. За да биде поуврелив осомничениот на таксистот му испраќал и смс пораки кои ги потпишувал со име на Котевски велат од МВР. Откако завршил конкурсот, а таксистот не станал полицацец, во февруари годинава измамникот му ветил дека го вработил во Судот, но за тоа ќе треба да плати уште 1.000 евра.