ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ: Техничкиот преглед да трае најмалку 15 минути, ИЛИ казна до 3.000 евра


Министерството за економија предлага нови измени на Законот за возила. Според предвидените законски измени техничкиот преглед за возила треба да трае најмалку 15 минути, а за пречекореното времетраење, ќе следуваат глоби.

Според Законот за возила, техничката исправност на возилото што учествува во сообраќајот на патиштата се проверува со технички преглед што претставува постапка со која правното лице за технички преглед ги утврдува податоците во врска со возилото, неговите системи, составните делови, самостојните технички единици и опрема, како и исполнувањето на други барања за нив.tehnicki-pregled

Според предвидените законски измени, техничкиот преглед за возила треба да трае најмалку 15 минути.

„Со воведување на времетраење на техничкиот преглед се пропишува и глоба за правното и за одговорното лице доколку не вршат технички преглед во согласност со временското ограничување“, велат од Министерството за економија.

Предвидената глоба изнесува 3.000 евра во денарска противвредност за правното лице, односно 900 евра за одговорното лице и 300 евра за стручното лице.

Понатаму, со Предлог-законот се вршат измени во насока на пренесување на надлежноста за изготвување на предлог за овластување на техничките служби од органот за одобрување на посебна комисија со цел да се намали времето потребно за овластување на техничките служби и да се зголеми објективноста во постапката.REGISTarski tablicki

Исто така, се воведуваат нови дефиниции за „регистрационо подрачје“ и за „сообраќајна дозвола“ со цел да се изврши терминолошко усогласување со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Се воведуваат заштитени обрасци на кои ќе се печати Потврдата за сообразност, со што ќе се спречи можноста за нејзина злоупотреба односно фалсификување, а се скратува и рокот за издавање на одобрение за единечно возило од 15 на 5 работни дена.

Во предложените измени се предвидува и воспоставување на точна евиденција за извршена промена на сопственост бидејќи во пракса се појавува последниот сопственик на возилото кој во прилог на барањето за регистрација поднесува сообраќајна дозвола и повеќе купопродажни договори меѓу претходните сопственици на возилото.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1