Истражувачите развиле уред за откривање на лажни лекови кој е лесен за користење и овозможува резултати за само неколку минути.
Тоа ќе биде важна алатка за идентификација на она што е фалс на пазарот. Се проценува дека околу 30 до 50 отсто од лековите на рецепт во Африка се лажни. Очигледно Доктор Алекс Доду, кој има поминато многу години работат со пациенти во Африка, вели дека лековите кои не ги исполнуваат стандардите се голем предизвик во третманот на пациентите во Ганa.
Истражувачите во лабораторијата на Sent Meriz во Индијана велат дека нивната нова машина може да го реши проблемот на лажни лекови во Африка и на други места. Тврдат дека може да се открие разликата помеѓу вистински и лажни лекови за помалку од пет минути.
“апчето тријте го во за да се задржи малку од неговиот прав на апаратот. Потоа се става во вода и во зависност дали станува збор за лажен или вистински лек ќе утврдите според сината и црвената линија која ќе се покаже.”
Елизабет Бахема и Дијана Вега Пантоха заедно до нивниот професорот Тони Барситс создадоа хемиски третирана хартија за откривање на одредени лекови против болка и треска – се концентрирале на Panadola, бидејќи тоа е најраспространетиот лажен лек.
“Не само што лекот го има во лажна верзија, туку таа лажна верзија потоа се користи како состојка за уште лажни лекови во земјите во развој како лекови за маларијата, туберкулозата и СИДА-та, а се чини дека проблемот е во пораст. Тоа навистина го попречува напорите за контрола на овие болести. ”
Патрик Лакулеј кој е директор на програмот за храна во “Американ фармакопеја”, непрофитна организација која го следи квалитетот на лековите и прехранбените состојки во светот, вели дека многу аптеки во земјите во развој продаваат лажни лекови, бидејќи ниту тие не се во состојба да направат разлика помеѓу вистински и лажни лекови. Идејата за овој апарат е првично да им се даде на аптеките, како би знаеле дали лековите кој посредниците им ги продаваат се вистински или лажни. Тимот вели дека соработува со компјутерски научници и понатаму ќе ги развиваат нивните уреди, така што тие би можеле наскоро освен од аптеките да се користат и од обични граѓани.