Таткото и маќеата на 5 годишното девојче Алекса, ја натерале да испие два литри сок и вода за само два часа! На тој начин ја казниле затоа што пиела од сокот кој не бил наменет за неа.
Парот од Тенеси во САД, е виновен за убиство на 5-годишно девојче, откако ја натерале да испие толку многу сок и вода при што и отекол мозокот и починала. Рендал Воун и Мери Воун се прогласени за виновни и осудени на 35 години затвор.
Казната била поради тоа што девојчето испило сок кој не бил купен за неа. Нејзиниот мозок отекол како последица од земање многу течности во кратко време. И покрај страшните болки и губење на свеста, Алекса не е однесена веднаш во болница туку со задоцнување, но за жал починала по два дена. Имала четири браќа и сестри, постари од неа, кои се сместени кај посвоители.