Ја оставиле двегодишната ќерка на аеродром бидејќи им се брзало за на одмор


Брачен пар од Полска викендов толку многу брзал за на летување, па едноставно го оставиле своето двегодишно дете на аеродром бидејќи му била истечена патната исправа.

– Тешко е да се утврди од што се раководеле родителите да го направат ова. Сигурно дека ќе ги провеиме сите околности и дека ќе ги сослушаме и родителите кога ќе се вратат од летување, изјавил за полските медиуми Рафал Бичиско претставник од тамошната полиција.

Во страв да не им избега авионот и да не им пропаднат платените аранжмани родителите со брзање го предале девојчето на лице на аеродромот да го причува додека по него не дојдат неговите баба и дедо.

Службите на аеродромот повикале полиција која пак не ја исклучува можноста целиот случај да заврши на суд.

– Доколку се докаже дека во било кој момент било загрозено здравјето и животот на детето на родителите им се заканува казна затвор од пет години – изјавил Бичиско.

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1