Ја потрошил премијата од 50 илјади фунти за да не ги дели парите со сопругата


Откако сопругата Рејчел го изневерила, Скот Браун учествувал во емисијата Deal od Not Deal и освоил 50 илјади фунти. Неговиот живот од тогаш драстично се променил, но се соочил и со намерата на неговата сопруга да му одземе дел од парите.

Скот одлучил на сопругата од која е разделен веќе некое време да и го премолчи тоа со цел таа да не добие дел од наградата.

Имал среќа бидејќи емисијата не била веднаш прикажана туку по четири месеци. Неговата сопруга на тој начин дознала за неговата неочекувана, слатка тајна.

Рејчел која минатата година за Божиќ му побарала развод на својот сопруг отако го изневерила со возач на камион кого го запознала преку интернет, посакала дел од парите за себе откако ја изгледала емисијата и веднаш се упатила кон судот со цел да си ја оствари намерата.

Скот во тој момент во главата имал само една идеја – парите да ги потроши што побрзо.

Со оглед на тоа дека дал отказ на работното место поради „депресијата“ која го мачела, Скот ги трошел освоените пари на разни дневни обврски но секако си приуштил и одмор и други лични задоволства. Купувал облека, куќни апарати, играчки за деца, одмор во Мексико, нов ајпод и половен јагуар…

Себе си се почестил и со курс за електричари.

Скот изјавил дека оваа емисија во целост му го променила животот и дека бил целосно надвор од себе од среќа бидејќи освоил 50 илјади фунти.

– Бев предупреден дека Рејчел може да се жали и да добие дел од мојата награда, но уште тогаш одлучив дека таа од мене нема да добие ни едно пени, изјавил Скот.

Овој сега веќе поранешен пар кој се венчал пред три години во Домениканската Република има шест и две годишно дете.

Скот изјавил како неговата сопруга кон крајот на минатата година му кажала дека повеќе не го сака и дека тој се вратил во куќата на своите родители веднаш штом дознал дека во април ќе учествува во емисијата која сега му обезбедила убав живот.

– Згрозен сум од нејзиното однесување. Од каде право да ми бара пари? Животот ни се распадна во секунда, не сум во можност да си ги видам децата кога ќе посакам, исчезна се што сум правел во претходните 11 години, додава господин Браун, а некогашната госпоѓа не сакала да дава коментари.

Во споменатата емисија која ја води Ноел Едмонтс натпреварувачите бираат една кутија од вкупно 22 кои содржат износ од еден до 250 илјади фунти.

Скот „се коцкал“ одбивајќи сигурни но значително помали парични награди сосем сигурен дека среќата го послужила и на самиот крај освоил 50 илјади фунти.

Tags: , , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1