„Ја убив мајка ми, не ми веруваше дека нејзиното момче ме силуваше“


Петнаесетгодишна девојка била уапсена под сомнение дека ја убила својата мајка и нејзиното момче откако наводно била силувана од постариот маж, известува њујоршката полиција.jaubila-majka-i-njujork

Тинејџерката, чијшто идентитет не се соопштува, наводно се обидела да ѝ каже на својата мајка дека била нападната, но мајката одбила да поверува во тврдењето. Гневна од одлуката на нејзината мајка, девојката ја застрелала, а нејзин пријател го убил љубовникот на мајката, по што тинејџерката избегала во куќа на роднина.

Роднината се загрижил откако неколку денови не слушнал ништо од родителите на девојката, по што тинејџерката го признала стореното.

Полицајците упаднале во семејниот дом на девојката во Шипсхед Беј и нашле тела во распаѓање на маж и жена.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1