Филипинското Министерство за трговија издаде наредба да се повлечат од продажба и индустриска преработка 245 тони јаболка увезени од САД.
Одлуката е донесена од како американското Биро за храна и лекови (ФДА) соопшти дека дел од јаболката произведени во Калифорнија и други области во САД биле загадени со опасната бактерија листерија.
Оваа бактерија предизвикува температура, болки во мускулите, главоболки и конвулзија. Ако на време не се интервенира, болестите предизвикани од бактеријата листерија имаат смртоносни последици.
Според вестите пренесени и на Филипините, од САД во последниве четири недели се извезени најмалку 350.000 пакети со јаболка кои се, најверојатно, заразени со бактеријата листерија.