Јапонците измислија производ што засекогаш ќе ги зачува податоците


 

Јапонската електронска гигантска компанија, Хитачи, создаде кварц стаклена плоча, која може да се користи за чување на податоци на неопределено време, речиси засекогаш.

Компанијата во понеделникот обелодени метод на складирање на дигитални информации, на исечоци на кварц стакло, кое што може да издржи на екстремни температури и на секаков вид на непријателска околина, без да ги уништи податоците и истите тие да бидат зачувани засекогаш. Како што Боб Дилан или пак Ролинг Стоунс направиле добра музика, која што ќе трае уште многу години, сега и високо-технолошкиот гигант Хитачи, соопшти дека нивниот изум може да трае уште најмалку стотици милиони години.
Компанијата во понеделникот обелодени метод на складирање на дигитални информации на исечоци на кварц стакло.

„Обемот на податоци кои што се складираат секој ден е на експлозивно ниво. Претходно на пример луѓето ги зачувувале податоците на ЦД, потоа истите ги префрлале, за да не ги изгубат, на МП3, но овој пат имаме технологија која во иднина не мора да се променува, нешто што кај луѓето прави целосна комфорност, и привлечност на ваквиот производ“, вели Казувоски Ториј, еден од вработените во компанијата.

„Можноста да се загубат податоците во денешни услови има голема веројатност, со оглед на тоа што тие се ставени на цедиња или пак уште полошо на грамофони и ленти кои што лесно и брзо можат да бидат уништени. Истите немаат вечна трајност, а најдолг период колку што може да издржи ваквиот материјал е еден век и тоа да се чува постојано“, вели Казувоски.

Новата технологија на Хитачи ги зачувува податоците во бинарна форма преку создавање на точки во внатрешноста на тенок слој на кварц стакло, што може да се прочита со обичен оптички микроскоп. Ваквиот чип е отпорен на голем број на хемикалии и радио бранови, а може да биде изложен и на висока темература, дури и до 1000 степени целзиусови, во период од најмалку два часа, а податоците воопшто нема да бидат уништени.
Материјалот во моментов содржи четири слоеви на точки, кои можат да соберат 40 мегабајти по квадратен инч, приближно со густина на ЦД со музика, велат истражувачите, додавајќи дека додавањето на слоеви во иднина не би требало да претставува проблем.
Од компанијата засега не најавуваат кога нивниот производ ќе биде пуштен за практична употреба.

 

Share Button

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1