Каде се паднаа паричките во семејствата на Иванов, Груевски и Вељаноски


Во семејството Иванови паричката во бадниковото лепче годинава се паднала кај Маја Иванова, соопшти денеска претседателот Ѓорѓе Иванов по божиќната литургија во Соборниот храм. Кај премиерот Груевски паричката паднала во Господ, а кај претседателот на Собранието Трајко Вељановски кај синот Филип.

Груевски им го честиташе Божиќ на сите граѓани од христијанска вероисповед.badnik paricka

– Да им посакам на сите пред се здравје, многу љубов, спокојство во семејствата, успех во кариерата и здравје пред се, рече Груевски.

Претседателот Ѓорги Иванов кон сите верници кои го слават денеска Божиќ го упати големиот поздрав Христос се роди – Навистина се роди!

– Сето она што го посакувам за себе и за своето семејство го посакувам за сите граѓани на Република Македонија. Многу здравје, многу радост многу љубов. Празниците се момент за потсетување и поука, да не поучат дека сите искушенија можеме да ги совладаме со добри мисли, добри зборови и добри дела, добри родители, добри соседи и добри граѓани на Република Македонија, да си простуваме и да се почитуваме и така да ја воздигнуваме Македонија и македонскиот народ, порача шефот на државата. Бадниковата паричка во неговото семејство била во лепчето на сопругата Маја.

Вељаноски честитајќи им го Божик на граѓаните на Република Македонија од православна вероисповед им посака мир и спокој, здравје, среќа, љубов и успех на личен и на професионален план.

– На Република Македонија што побргу интегрирање во меѓународните организации, а на нас политичарите што подобри и поразумни одлуки затоа што на Република Македонија токму оваа година ќе и треба покаже разум отколку емоции, поразумни одлуки за просперитет на Република Македонија и на граѓаните, истакна Вељаноски.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1