Алергијата од прашина е се повеќе честа појава, а душекот на кој што спиете е идеално место за собирање на прав, нечистотија и бактерии.Ако сакате место на кое можете да спиете без да размислувате на такви нешта, а не морате да плаќате скапо за чистење ниту да купувате ново легло, еве ви супер трик.
Потребни ви се:
– две кесички сода бикарбона
– 8 капки етирично масло од лаванда, рузмарин, еукалиптус или цитрус.
– Сито за брашно.
– можр да додадете и малку алкохолен оцет за дезинфекција
Подготовка:
1. Сода бикарбоната сипете ја во сад кој што се затвора.
2. Во сад ставете и етерично масло по желба.
2. Затворете го садот и добро протресете.
4. Мешавината постепено истресете ја во ситото и со неа испрскајте низ целиот душек.
5. Оставете да отстои така час, два, па потоа душекот темелно поминете го со правосмукалка.
6. Сода бикарбоната ќе ја впие влагата која им е погодна на бактериите, а етеричното масло служи за дезинфекција и ќе остави пријатен и свеж мирис.
365.com.mk