ВАКА НЕ ЛАЖАТ ДО ХРАНАТА: Во црвен пипер ставаат олово, во мед – пченкарен сируп!


Со следењето и истражувањето на пазарот експертите откриваат дека произведувачите најчесто лажат при продажба на маслиново масло, мед, зачини, кафе, овошни сокови…

Мед
Медот е лесно да се лажира па произведувачите додаваат обичен течен шеќер или фруктузен пченкарен сируп. Затоа најдобро е да ги купувате директно од произведувачите за кои знаете дека одгледуваат пчели.

brza-hrana-1333625476-146160Зачини
Зачините се често мешавина од основниот зачин и примеси. Забележано е додавање на олово во пипер, мелениот црн бибер содржи парчиња од гранчиња и брашно од леќа. Затоа најдобро е да купувате зачини во парчиња кои сами може да ги сомелете.

Мелено кафе
Меленото кафе често содржи и компир, корен од цикорија или пржен грав. И во овој случај најсигурно е да купувате кафе во зрна кое сами ќе го сомелите.

Овошни сокови
Овошните сокови наместо вистинско овошје, како што се рекламираат, содржат вода, боја, шеќер и слатки вештачки ароми.

Чај
Во чаевите додаваат обична трева и листови од папрат.

Морски плодови
Морските плодови се високо на листата на измами бидејќи произведувачите ставаат евтина риба наместо поскапа.

Маслиново масло
Квалитетот на маслиновото масло е загрозен во целиот свет. Како да се препознае вистинското масло? Маслиновото масло во фрижидер би требало да се стане матно и да згусне.

Овошен јогурт
Овошниот јогурт често воопшто не содржи овошје. Проверете го составот на намирниците на етикетата.

Преработено месо
Преработеното месо како што се виршлите, саламите, паштетите, колбасите и слично се производи со продолжен рок на траење. Нитратите кои се додаваат за одржување на бојата и спречување на растот на бактерии се поврзани со зголемен ризик од рак на дебелото црево. Зароа е потребно речиси целосно да ги исфрлите таквите производи од исхраната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1