Интерпол низ цела Европа трага по 2-годишната Розали Марлен К. од Виена, која на 2. ноември 2014. година исчезнала без трага. Девојчето има светла коса и кафени очи, соопштиле од Интерпол, а биле објавени и две фотографии од детето.
Според пишувањето на медиумите, девојчето било киднапирано од својата мајка. Родителите на девојчето наводно биле разведени повеќе од две години, а старателството му било доделено на таткото.
Полицијата ги моли сите граѓани кои имаат било какви сознанија за тоа каде би можело да биде девојчето, да се јават веднаш