Двајцата Аргентинци Макси Лопез и Мауро Икарди беа неразделни пријатели се додека вториот не му ја украде сопругата на својот сонародник.
Некогаш одамна – какошто се гледа на сликата 9-годишниот Мауро Икарди како добива автограм од неговиот идол, девет години постариот Макси Лопез кој во тој период беше локален херој кој со статус на „вундеркид“ премина во Барселона.
12 години подоцна, кога наполни 21 година, напаѓачот на милански Интер, Мауро Икарди му ја „украде“ жената на Макси Лопез
Лопез настапува за Сампдорија, а Икарди за Интер. Овие двајца фудбалери за прв пат во неделата, откако пријателството го прекинаа поради Ванда, се појавија еден против друг на теренот.
Лопез секако пред почетокот на мечот одби да се поздрави со неговиот некогашен пријател, кој неколку дена подоцна продолжи да објавува провокативни фотографии на својот Твитер профил.
Најнапред објави фотографија како со шета со синот на Лопез и тоа во дресот на Интер, а потоа објави нова фотографија уште попровокативна и воедно напиша:
-Зошто Ванда секогаш ме тера вака да возам?
Овој знак со прстите кој го направи Икарди, според италијанските медиуми на аргентински начин значат рогови.
Сега веројатно на сите ви е јасно што сакаше да каже Икарди и за кого беше наменета оваа фотографија.