Како е можно: Некои луѓе се сеќаваат на секој миг од својот живот!


Само 33 луѓе во светот имаат автобиографска меморија. Тие може да се сетат на секој момент од својот живот од десетина година па наваму.

Сепак и на овој феномен експерти направиле истражување за да откријат што е она што нивните мозоци ги прави различни од мозоците на другите. Во една студија на Универзитетот во Калифорнија учествувале само 11 од 33 луѓе кои „страдаат“ од овој феномен, наречен хипермензија, а во девет области на нивните мозоци биле откриени некои специфичности.

Аурора Ле Порт која учествувала во истражувањето тврди дека следната една од фазите на истражувањето ќе биде посветена на откривањето на механизмот кој се крие позади памтењето, односно дали е во прашање само мозокот и начинот на кој комуницираат неговите различни структури или можеби станува збор за генетски или  молекуларен механизам.

Сепак, според истражувањето луѓето со прецизна меморија не постигнуваат особени резултати на тестовите за меморија. “Тие се за  180 степени поинакви од останатите луѓе кои инаку добро памтат и може да запамтат поголема количина на податоци. Поради тоа овој проект е толку интересен”, изјавила Ле Порт.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1