Прва помош со тоа што имате дома против изгореници



Доколку сте заборавиле да нанесете крема за сончање и сте се заборавиле на сонце, огромна е веројатноста да изгорите. Кожата ќе ви стане црвена, топла и ќе почне да ве боли и чеша.

Доколку не сакате да користите сретства од аптека, ние ви предлагаме неколку природни начини за да си помогнете.

Млеко
Дури и обично млеко помага при изгореници. Но подобро е млекото да биде помасно затоа што токму млечната маст го смирува изгореното тело. Истурете млеко на чиста крпа и држете ја крпа на изгорената површина околу 20 минути.

Алое Вера
Искинете лист од алое вера а гелот кој ќе почне да тече од местото каде што се спојуваат листот и стеблото почнете да го нанесувате на кожата.

Сода бикарбона
Само се раствора еден лажица сода бикарбона во вода и впие чиста крпа која користете ја како облога. Во деновите кога вашата кожа треба да се обновува, добро е да додадете и половина лажичка сода бикарбона и во вашата купка.

Вино или оцет
Ако ја изберете оваа опција, мора да бидете сигурни дека тие се природни производи без хемиски додатоци. Направете мешавина од половина вода и половина оцет, а потоа ставете ја течноста во крпа и покријте ја изгорената површина.


Мед
На изгорената површина нанесете природен мед во тенки слоеви. Медот ќе ги ублажи и изгорениците на кожата и ќе ја намали болката.

Нане и Невен
Чај направен од невен или мента може да ја ублажи болката од изгореници. Влажните кесички со чај ставете ги на болни места, и држете ги неколку минути.

Риба
Изгорениците успешно се лекуваат и со риба, како на пример лосос или сардина. Рибата, содржи масни киселини омега-3 кои ублажуваат воспаленија и го лекуваат оштетеното ткиво на кожата и тоа од внатре кон надвор.

Јаткасти плодови
Ореви, лешници, семки од сончоглед исто така може да бидат од голема помош. Тие содржат здрави маснотии кои го ублажуваат воспалението на кожата.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1