Што е тоа што треба да го изедеме, за да ги задоволиме сите потреби на организмот, со само еден супероброк?
Колку е важно да се јаде здрава храна е горе-доле информација која што им е позната на сите веќе од поодамнат период. Голем број на списанија, интернет портали, стручна литература, се преполни со информации за тоа што би требало да јадеме како би го сочувале нашето здравје и виталност.
Но, дали знаете како изгледа најздравиот оброк на светот?
Што е тоа што треба да го изедеме, за да ги задоволиме сите потреби на организмот, со само еден супероброк?
Тим од експерти годинава истражуваше преку 4000 здрави намирници и нивните својства и дејства за да на крајот дојдат до идеалната комбинација. На менито останаа 222 здрави намирници кои се покажале како најкорисни, односно нивната делотворност е потврдена од страна на науката.
Менито изгледа вака: Парче свеж пушен лосос, парчиња интегрален леб со седум видови на семиња, парче пилешко со мешавина од зеленчук (варен на пареа) и салата помешана со маслиново масло. За десерт, пудинг од јогур, прелиен со ореви, а на врвот безшеќерен сос од карамела.
Зошто баш ваков оброк?
Научниците велат дека ваквата храна има корисен ефект на телото.
Лососот има омега-3 полинезаситени масни киселини и докосаексаеноичната киселина, која е одлична за артериите срцето и мозокот.
Салатата го контролира нивото на холестерол, помешан со зеленчук, го намалува уморот и ја подобрува металната острина, а протеините од пилешкото ги регенерира мускулите.
Пудинг јогуртот е одличен за варењето, здравјето на забите, контролата на шеќерот во крвта. Оревите пак се одлични за одржување на крвните садови. Комбинацијата на овие состојки му ги обезбедува на телото потребните хранлици материи, без вишокот на калории.