Кој се работи во кујните на рестораните – имаат ли сертификат за ракување со храна?


Плаќате огромни сметки во рестораните за да добиете убаво зготвена, сервирана храна и некој да ве служи. Свесни ли сте што се случува зад вратите на кујните ( не на сите се разбира)

Мк news веќе објави неколку текста на оваа тема кој можете да ги погледнете на следните линкови

Колку лажат рестораните, страв да те фати!

Што во рестораните не е здраво – лед, сол и бибер …

 

Кој готви?, има ли сертификат за безбедно управување со храната?, дали намирниците безбедно се чуваат?, хигиенски ли е се – прашања на кои тешко сами ќе добиете одговор.

За тоа тука треба да се инспекциите и ригорозните казни. Во светот постои посебен сертификат без кои не може едно лице да работи во кујна.

Доколку направи грешка го губи сертификатот – ако го загуби неможе повеќе да работи во ресторан.

Храната не е битно само да е здрава и свежа битно е и како се чува, сервира, дали доаѓа во контакт со бактерии. Се сеќавате на случајот со труењето во училишната менза во Македонија кога кај неколку вработени беа најдени опасни фекални бактерии на рацете?? Од еден пренесено на мобилниот телефон, тој се фатил за кваката, па потоа и колегата ја допрел, па на масата каде се подготвувала храната се допреле – и ете ти ширење на бактеријата.

Затоа во рестораните мора многу да се внимава како се ракува со храната.

Дури и храната да е здрава, контаминација може да има од гарнирот, мраз, момчето што служи несоодветно да го допира тањирот итн…

Додатоци – гарнири

Некои од најчестите загадувачи се лимунот, портокалите, целерот, магданосот, за кои, затоа што се работи за додатоци, не се внимава толку како се чуваат и каде. Мора да сте сигурни дека овошјето и зеленчукот не ги допираат истите површини каде се обработувало сурово месо или живина. Да се користат посебни ножеви за сечење од оние со кои се сече месото.

Еден од најконтамиринатие работи во кујната е мразот не смее да е само истурен, а врз него да има чаши, флаши или лименки, мора да е од вода за пиење, да не се фаќа со раце никогаш.

И приборот за јадење мора да се чува безбедно. Со раце тањирот да се пипа само на ивицата или одоздола. Чашите исто.

Во Македонија овие сертификати топрва ќе доаѓаат. Ќе се доделуваат интернационални сертификати од SERVSAFE® FOOD PROTECTION MANAGER, а ќе се држуваат и курсеви. – во тек е пријавување на www.itc-balkan.com.

Во светото оние кои го имаат овој сертифакт имаат предност при вработување, повисока стартна плата, отворени можности за работа во над 50 држави

Овој сертификат е задолжителен и за оние кои одат на работа на бродови, хотели и ресторани во САД или во интернационални компании за храна во Авганистан, Ирак, Дубаи ..)

На оваа обука вработените во рестораните ќе учат за

  • Важноста на Безбедност на Храната
  • Лична Хигиена
  • Контрола на Време и Температура
  • Спречување на Загадување на Храната
  • Чистење и Санитација
  • Безбедна Припрема на Храна
  • Прием и Складирање на Храната
  • Начини на Одмрзнување, Готвење, Ладење и Повторно Загревање на Храната
  • HACCP – Анализа на Опасностите и Критични Контролни Точки
  • Регулатива за Безбедност на Храната

Повеќе инфо за сите заинтересирани на ITC Consulting тел: 02 3111 191

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1