Како преживуваат албино луѓето во Африка? – Видео


Да си роден како албино, човек со пореметени пигменти на кожата, значи дека имате проблем со сонцето. Но, да се биде албино во Африка е уште потешко – поради многуте предрасуди. Еден германски лекар одлучи да им помогне на овие африкански “белци”, пишува Дојче Веле.

Да си роден како албино (што на латински значи бело) е всушност релативно честа болест на пореметување на биосинтезата на меланин, пигмент што ја одредуваат бојата на кожата, косата и очите. Во пракска на секои 20.000 жители во светот се раѓа по еден со ова нарушување. Но, во Африка, каде што сонцето пече уште посилно, ова нарушување е двојно почесто отколку во другите делови на светот, пишува Дојче Веле.

Проблемот е што овие луѓе не можат да потемнат ниту на сонце и на тој начин да создадат природна заштита од неговите зраци, бидејќи нивната кожа е многу чувствителна, а згора на тоа е и поподложна на добивање рак на кожата.

Нивниот единствен лек е постојано да се мачкаат со креми за сончање кои се скапи, а за просечниот Африканец дури и недостапни.

Херберт Кирчеш лекар и дерматолог кој се заинтересирал за тоа како Африканците се справуваат со овој проблем контактирал со албино луѓе од Кенија кој му кажал дека едно шишенце на крема за сончање која нив многу им е потребна чини околу 15 долари. Разочаран од недостапноста на кремите на овие луѓе тој со својот пријател, фармацевт Мартин Виперман си поставиле задача да создадат крема која би им помогнала на албино луѓето. По неколкумесечно истражување нашле формула – мешање на цинк оксид со масло за јадење и малку млеко за кожа ќе ја претворат мешавината во заштитен фактор 20.

Покрај проблемите со изгорениците албино луѓето во Африка турнати на работ на општеството и често живеат во тешка сиромаштија. Некои тамошни племиња веруваат дека овие “белците”, носат несреќа и поседуваат способност за правење маѓии па поради тоа се “опасни” за “обичните” луѓе. Поради тоа албино луѓето се протеруваат од семејства, а се случува и племето да се согласи албино човекот да се убие. Дури и мртвите албино немаат мир затпа што некои врачари во племињата се уверени дека деловите од телото на албино луѓето имале посебна моќ. Во 2007 година во Танзанија беше откриено убиство на 20 лица со албинизам, а локалните врачеви делови од нивните тела правеле магични напивки – кои требало да  им донесат среќа и богатство! Вакви убиства се случуваат и денес.

видео –  ал џезеира

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1