Потребно
- oгноотпорен сад
- чиста вода (превриена, па изладена)
- масло од кокос
- бебешки лосион за капење што не предизвикува солзење
- сад со капак каде што ќе ги чувате (чисто канче од сладолед или кисело млеко)
- Остар нож
- хартиени шамичиња или кујнски бришачи (големина што ви одговара)
Чекори
1 Во огноотпорниот сад ставете 2 чаши чиста вода, 2 супени лажици масло од кокос и 2 пати стиснете од бебешката купка.
Стоплете ја смесата во микробранова неколку секунди и промешајте.
2 Измерете ја ролната за да ја собере во садот што ќе го користите и исечете ја.
3 Ставете ја ролната во садот и озгора сипете ја течноста што ја спремивте.
4 Затворете го садот со капак и превртете го за ролната убаво да ја впие течноста.
Оставете ја пет минути, потоа превртете го садот и отстранете го картонскиот центар.
5 Исечете на капакот еден X од каде што ќе ги извлекувате марамчињата.
uniquemagazine