Како засекогаш да се откачите од нејзиното брборење


Постои нешто исклучително вознемирувачко во врска со женското брборење, па во некои моменти дури изгледа дека ништо на светот не може да ги задоволи.


Брборењето е нешто како универзална особина, или пак женско средство да го избруси мажот по свој вкус.

Тоа што се чини дека човештвото треба да открие ефикасен лек за оваа чума, всушност и не мора да значи. Еве неколку значителни совети со кои можете да ја смирите вашата сопруга и да ставите крај на нејзиното брборење засекогаш.

1. Играјте одбрана
Наместо веднаш да тргнете во контра напад, реагирајќи гневно, секогаш помага да го задржите мирот и сталоженоста. Обидете се да бидете дефанзивни и да го решите проблемот, односно да одговорите на барањата на вашата драга на објективен начин.

2. Поработете на вашите навики
Постојат некои упорни и крајни одбивни навики кај мажите, кои како да го повикуваат сами женското брборење. Оставањето на облеката таму каде што не треба, фрлањето на влажниот пешкир на подот од купатилото или креветот, основни бон-тон правила, се некои од правилата кои можете да ги направите со цел да се спасите од нејзиното брборење. Со помагањето и придржувањето на куќниот ред, од време на време, ќе забележите дека нејзиното брборење станува се помало.

3. Преиспитајте се себеси
Можеби ќе ви помогне да застанете и да размислите што е тоа што првенствено ја мачи вашата сопруга. Можеби постои нешто што вие го правите, а предизвикува нелагодност кај вашата партнерка. Обидувајќи се подобро да ги разберете приоритетите и грижите кај вашата поубава половина, не само што ќе ви помогне да ја спречите во навиката за брборење, туку ќе ви се отвори и пат за поздрав однос.

4. Обновете ја позитивната комуникација
Брборењето е само негативен начин на женското изразување. Се случува кога жената нема да го пронајде патот за да се изрази на позитивен и конструктивен начин. Превземете иницијатива, поради унапредување на комуникацијата помеѓу вас и вашиот партнер. Сочекајте прилика кога вашата парнерка е во неутрална состојба и се обидува да започне расправа со цел да ги сознае проблемите со кои се соочувате и нејзините очекувања од вашата врска. Расчистувањето на некои од прашањата меѓу вас и вашата сакана, го отвора патот за ефикасна и подобра комуникација.

5. Правите компромиси
Се разбира ако се друго пропадне, немате друг избор освен да послушате. Тоа не значи дека во целост треба да се препуштите на волјата на својата сакана, туку да направите некои компромиси со кои би ја смириле. Ова може да вклучува и промени на вашите иритирачки навики, да направите нешто посебно за неа, или било што, што ќе ја направи да се чувствува сакана и сигурна.
Женското брборење во некои бракови, само потсетува на ненормалното однсеување на мажот. Но, секој однос си има свои падови и воздигнувања, па константно негодување на вашата партнерка, може да биде сигнал дека постојат некои проблеми меѓу вас кои бараат ваше целосно внимание. Обидете се да гледате малку подалеку од очигледните приговори на брборење и пронајдете ја вистинската причина за нејзиното незадоволство.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1