Кога СЕ БЕГА ОД ВИОРОТ НА ВОЈНА се има само една мисла – да се засолниш на безбедно, каде што нема бомби, пукање, глад. Најчесто тоа е првата безбедна држава, најблиску до тебе.. Овие бегалци лутаат ноќе во гумени чамци до Грција, пешачат низ 3, 4, 5 земји само и само да си дојдат до земјата која ја наумиле. Се бега за живот или се бега за нешто друго??
Дали и децата бегалци од егејска Македонија бираа каде да бегаат?? или Европа тогаш ги стрпа во возови, во одделни возови браќа и сестри и никој поим немаше каде оди. Ни беше важно само да не сме на нишан таму , велат оние кои се сеќаваат на егзодусот. Возовите заминаа еден за Југославија, еден за Полска, друг за Чешка и така натаму. ги сместија во однапред подготвени кампови и се грижеа за нив. Имаа храна и хигиена – Браќа и сестри беа со години разделени. Но се барало само спас, важно било само да се на безбедно.
Зошто Европа не го спроведе истото и да ги спаси оние кутри семејства кои бегаат од Сирија и да ги поштеди од болестите, од уморот, гладта, жештината или студот што го јадат по патиштата додека да стасаат до нивните затворени граници??
Ако толку се грижат за кутрите бегалци зошто организирано не ги пречекаат во нивната ЕВРОПСКА ЧЛЕНКА Грција и со возови или авиони не ги распоредат низ кампови низ цела Европа и така ги поштеди од безмилосниот пат??
Европа треба да стави прст на чело и да си ја превземе одговорноста, впрочем и сите беглаци сакаат во Европа.. па ете нека ги отворат границите, нека ги пуштат слободно. Нека ни дадат пример за хуман третман…