Какви видови шефови постојат и како да се справите со нив


Секој шеф или директор има различен пристап кон своите вработени. Има шефови кои се нервозни додека постојат и такви кои смирено ги решаваат проблемите.

– лош шеф

Шефот е клучниот фактор во една фирма. Без него,како што он сака да каже во фирмата би владеело безредие. Секогаш, помеѓу вработените и шефот мора да има хармонија , атмосфера и желба за работа. Но, сепак, секој шеф или директор има различен карактер кој понекогаш иритира.

-Себичен шеф.

Првиот тип на каракатер е себичен шеф кој само работи за свој интерес,. Ако сте подредени тогаш немате голем избор. Тој секогаш го има главниот збор,се во своја корист . Има право да ве вознемирува дури и кога сте на годишен одмор. Ваквиот тип на шефови страшно ги иритира вработените затоа што тие неможат секојдневно да ги поднесуваат неговите барања од кои тие немаат никаков интерес. За да се справите со ваков шеф треба да си го зајакнете идентитетот и да му покажете кој е вашиот придонес во фирмата. Ако работите добро секако дека ќе сака максимално да ве искористи.

-Пријателски настроен шеф.

Постојат шефови кои се пријателски настроени кон своите вработени. Но не треба да се злоупотреби оваа блискост. Врската помеѓу вас и вашиот шеф и ден денес е табу тема. Ако ве фатат дека се гледате со шефот може да доведе до загрозување на вашата или неговата кариера. Ако сте способни да се справите со вашиот шеф, би живееле во хармонија и задоволство.

-Шеф кој критикува.

Ако вашиот шеф е во некоја депресија тогаш многу нормално е дека вие ќе го извлечете подебелиот крај. Сепак, најтешката работа во фирмата ја имаат токму тие. Ако се случи и најмала грешка од ваша страна тој ќе биде тој кој ќе ги сноси последиците. Со овој шеф мора да бидете меки и ако успеете да бидете фини и стрпливи со овој шеф тогаш имате успешно завршена мисија.

-Своеглав шеф.

Постојат шефови кои никогаш не се грижат за своите вработени. Главно за нив е добрата работа без разлика дали ќе мора да останувате преку цел ден и цела ноќ на работа.. За да се справите направете список на вашите придонеси кон фирмата за да им докажете дека сте вистински работник и дека се трудите.

-Шеф кој ретко се појавува.

Има шефови кои имаат премногу работа и многу ретко се појавуваат во канцеларија. Контролата на фирмата, најчесто е препуштена на работниците и сигурно е дека ќе нема напредок. За да бидете успешни и да стекнете доверба кај ваквите шефови тоа што треба да направите е да останете во контакт со нив. Без разлика колку тој/таа е зафатен обидете се да направите распоред и барем еднаш неделно да се видите.

Share Button
Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1