Регионалниот кризен штаб е во континуирано заседавање во Штип.
Во кабинетот на штипскиот градоначалник Илчо Захариев итно пристигна и Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој во координација со градоначалниците од регионот, МВР, АРМ и ЦУК ги разгледува најновите податоци за полнењето на браната Калиманци. Во Штип во секој момент се очекува да допатува и премиерот Никола Груевски.
Од браната се испуштаат по околу 50 м/3 офда, но постои прилив од над 180 м/3, што значи браната се полни и се очекува за 6 часа да се прелее. Тоа ќе значи поплавување на целиот регион, на сите општини кои се покрај Брегалница.
Во Штип на сила е предупредување за жителите на Караорман, Чардаклија, 8.ми Ноември и Ново Село. Во моментов се преземаат активности за утврдување на коритото на критичните точки.