Камениот и мостот „Око“ ќе бидат целосно затворени за движење на граѓаните, од 18 часот во сабота до 13 часот в недела, поради подготовки и одржување на манифестацијата „Појадок на мост“, соопшти Град Скопје.
Град Скопје во соработка со Средното угостителско училиште „Лазар Танев“ по петти пат го организира настанот „Појадок на мост”, што ќе се одржува в недела на 14 септември, од 9 до 11 часот на Камениот мост и мостот „Око“.
Годинава се обезбедени 2.700 билети за македонските граѓани и двесте билети за странци.