Не се секирајте за пари – Во 2083 сите ќе бидеме милионери, еве како


Според тврдења на експертите кои ги објавија британските весници, до 2083 година сите ќе бидеме милионери (оние од нас што ќе се живи до тогаш), а исто така и ќе бидеме сведоци на вистинска телепортација како од Стар Трек.

hands-holding-money2724991187645861Но од друга страна храната пак ќе биде неверојатно скапа, лебот на пример ќе чини 30 долари, сепак зборуваме за реална храна додека онаа „вештачката“ произведена во 3D принтери ќе биде доста поевтина.

Користејќи ја годината 2083, истражувачите според историски податоци успеале да калкулираат годишен раст и развиток на човештвото поради што исполниле листа на неверојанти предвидувања.

Реалната храна според годишните поскапувања до тогаш би требало да биде доста поскапа, на пример табла јајца ќе чини нешто над 500 долари, а за нова куќа ќе мора да платите дури 11 милиони долари. Ова истражување е направено од DGCAssetManagement.com.

Едно друго истражување пак од FutureTimeline.net предвидува хипер-интелигентни компјутери кои ќе можат да размислуваат неверојатно брзо, тие ќе калкулираат мисли од илјадници години, за само десет микросекунди. А исто така од технолошките достигнувања ќе може да се пофалиме со конечно успешна телепортација на поголеми предмети.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1