Камионџија се изврте кај Пресека – предизвика 6 километарска колона


Иако сите служби алармираа и донесоа забрани за движење на тешки товарни возила, некои возачи сепак не ги почитуваат забраните и предизвикаа застој на патиштата, по што го блокираше патот и предизвика 6 километарска колона.. Сепак, брзата реакција на надлежните на терен спречува поголем застој и засега сообраќајот се одвива непречено.

Фото - Курир.мк

Фото – Курир.мк

Според последните информации, благодарение на брзата реакција на надлежните шлеперот е отстранет од коловозот и сообраќајот продолжил да се одвива во зимски услови.  Екипи на „Македонија пат“ постојано се на терен и интервенираат во надминување на застојот на патиштата.

На планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Маврово, поради врнежи од снег, попладнево од 15 часот превентивно е воведена забрана за движење тешки товарни возила, а од 18 часот задолжителна е зимска опрема за овој вид возила на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1