„Туркиш ерлајнс“ откажа 529 летови поради снежните врнежи


Авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ соопшти денеска дека откажала 529 летови поради обилните снежни врнежи во Истанбул изминатите три дена.turkish-airlines.jpg500

Компанијата сместила околу 9.700 патници во хотели и обезбедила храна за околу 28.900 лица.

Стотици летови беа откажани во текот на трите дена поради постојаните снежни врнежи во Истанбул, особено на главниот аеродром „Ататурк“, каде некои од патниците беа принудени да спијат на подот и на столиците.

Освен во Истанбул снегот предизвика застој и во други делови на Турција и наложи запирање на некои фериботски линии и затворање на училишта.

Голем број населени места се отсечени од светот поради затрупаните патишта.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1