Канаѓанин произведува вино од патлиџан


Канаѓанинот Паскал Миш успел, по семеен рецепт од неговиот прадедо, да направи вино од домати. Сега произведува годишно по 34 000 шишиња од овој еликсир.

Прадедото на Паскал до рецептот дошол случајно во 30 сетите години, но не успеал да го заврши процесот. Паскал го пронашол рецептот и сакал да се обиде и да види дали е возможно да произведе вино. Успеал и од пред 7 години во својот дом во Квебек одгледува неколку видови на домати за вино.

Овој 40-годишник, поранешен месар по потекло од Белгија очекува виното од домати да го извезува и во светот. Од одгледување на доматите па до флаширање на виното му требаат 9 месеци. го нарекол виното ,,Омерта,, во чест на прадедому Омер.

Виното има златна боја и 18 отсто алкохол. Оние кои го вкусиле велат дека нималку нема вкус на домати. Едно шише се продава по цена од 25 долари.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1