Катерина е ќерката на Владимир Путин


Познато е дека претседателот на Русија и поранешен КГБ офицер, Владимир Путин, својот приватен живот, вклучувајќи ги и двете ќерки Јекатерина и Марија, ги држи подалеку од очите на јавноста.

Колегата на Катерина Тихонова (Јекатерина Владимирова Тихонова), девојка која се занимава со рокенрол акробација, потврди дека токму таа е ќерката на рускиот лидер Владимир Путин, пренесува „Ројтерс“.

Потврдата стигна и од официјалната Светска рокенрол конфедерација (WRRC) и тоа две години откако се појави првата вест за оваа девојка.

Манфред Мохаб, потпретседателот на Светската рокенрол конфедерација (WRRC), на прашањето на „Ројтерс“ дали Тихонова е ќерката на Владимир Путин одговори:

„Да, ја познавам“.

Кога вторпат му беше поставено истото прашање, тој кратко одговори: „Да“.

Тихонова, исто како и Кремљ, не одговорија на прашањето на „Ројтерс“.

Андреј Акимов, заменик-претседателот на бордот на директори „Гаспромбанк“, изјави во 2015 година дека Тихонова е ќерка на Путин, но подоцна го демантираше тоа.

„Ројтерс“ тогаш ги потврди сознанијата од два независни извори кои сакаа да останат анонимни. Откако агенцијата ги објави своите сознанија, од „Гаспромбанк“ изјавија дека Акимов бил збунет и изненаден од прашањата и дека не изнел такви тврдења.

Познато е дека Путин, поранешниот КГБ офицер, својот приватен живот, вклучувајќи ги и двете ќерки Јекатерина и Марија, ги држи подалеку од јавноста.

Иако веќе долго време се нагаѓал идентитетот на Јекатерина, ниту таа самата ниту претставниците на Кремљ никогаш не сакале да го потврдат тоа. Мохаб е првото официјално лице, по Акимов, кој јавно потврди дека станува збор за ќерката на првиот човек на Русија.

Тихонова, која го користи презимето на својата баба, ги води проектите кои се финансираат на државно ниво на Московскиот државен универзитет и е потпретседател на WRRC.

Ќерката на Путин има 31 година. Омажена е за Кирил Шамалов, синот на еден од најблиските пријатели на Путин.

Шамалов заработил најмалку милијарда долари од трговија со најголемата руска петрохемиска компанија. Се проценува дека оваа девојка има богатство во вредност од 2 милијарди долари

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1